Навивачите на Милан загрижени, се повреди Рафаел Леао!

Милан води со 2-0 на дерби дуелот со Лацио, но фановите на Росонерите се загрижени, затоа што се повреди Рафаел Леао, а за само пет дена им следува средба со Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Повредата е на мускул на бутот на десната нога. Засега не се знае колку е тешка повредата на Леао и дали е нешто сериозно, или тој излезе од игра за да не се влоши дополнително ситуацијата, и сака да се чува за в среда.

- Оглас -

Најнови вести