Навивачите на Ривер во 5.30 часот го пречекаа тимот во Мадрид

Екипата на Ривер плате пристигна на аеродромот во Мадрид во 5.27 часот, но иако беше рано наутро, тоа не беше пречка за десетици навивачи на клубот да им приредат дочек на фудбалерите кои во недела вечерта ќе водат битка со Бока јуниорс за титулата во Копа Либертадорес.

Играчите на Ривер кога пристигнаа во Мадрид, температурата беше само 3 степени, а улиците беа празни. Но кога слетаа, на аеродромот Барахас имаше околу 40 нивни фанови со дресови и знамиња, кои со песни им порачаа дека очекуваат победа.

„Во недела, каква и да е цената, мора да победиме“, пееја навивачите кои навиваа и пред хотелот.

По одморот од неколку часа, тимот на Ривер попладне ќе тренира во тренинг-центарот на Реал Мадрид. Фудбалерите на Бока од вчера се во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести