Навивачите на Шкендија со парола која нема никаква врска со фудбалот

Шкендија одигра 1:1 на гости кај АИК Стокхолм и покажа дека има сили да се надева на пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Помалку од половина минута беше доволно за Шкендија да постигне гол на гостувањето и да донесе радост на своите фанови кои беа присутни на стадионот.

Е токму фановите на Шкендија привлекоа посебно внимание со транспарентот кој го истакнаа непосредно пред почетокот на мечот и беше видлив и во моментите кога беше постигнат голот за радост на тетовчани.

„Косово е Албанија“, пишуваше на транспарентот кој привлече внимание.

Транспарентот беше несвесно тргнат во моментот кога Шкендија даде гол и почна радоста на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести