Навивачите на Унион Берлин дивееја во Неапол, 11-мина завршија зад решетки (Видео)

Полицијата во Неапол уапси 11-мина навивачи на Унион Берлин по синоќешните  тепачки со домашните фанови и нередите кои ги предизвикаа низ улиците на италијанскиот град.

Навивачите на Унион Берлин, кои се сметаат за едни од најжестоките во Германија, влегле во клинч и со полицијата.

„Околу 300 германски навивачи ја нападнаа полицијата со камења, палки и пиротехнички средства“, соопшти полицијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести