Навивачите од трибини ќе ги испратат Рисовите на ЕП!

Македонската фудбалска репрезентација пред своите навивачи ќе го одигра пријателскиот натпревар против Словенија на 1 јуни, откако Владата вчера изгласа да се направи исклучок околу забраната за организирање на спортски натпревари со присуство на публика.

Одобрено е присуство до 30% од капацитетот на Националната арена во Скопје, или околу 10.000 седишта ќе бидат исполнети, по што Рисовите ќе ја добијат потребната поддршка од своите фанови во контролката против Словенците која доаѓа како загревање за претстојниот историски настап на Европското првенство.

Тоа значи дека по повеќе од една година ќе дочекаме публика на еден спортски настан во земјава, а од Владата потврдија дека на наредните седници дополнително ќе се разгледуваат опции за опуштање на мерките и за останати натпревари.

- Оглас -

Најнови вести