Навивачите „плачат“ по Алиоски – Нов дебакл на Лидс со три примени гола (ФОТО)

Ниту промената на тренерот не донесе ништо добро за Лидс, кој пред своите навивачи изгуби со 3:0 од Астон вила.

Нова катастрофална партија за некогашниот првак на Англија, со што сериозно си ја закомплицира работата, а навивачите на овој тим жалат за одлуката на раководството толку лесно да се ослободат од Езџан Алиоски.

Фелипе Кутињо (22′), Мати Кеш (65′) и Калум Чемберс (73′) ја наполнија мрежата на домаќините, а на социјалните мрежи, навивачите на Лидс ја искажаа лутината.

„Сите тие што мислат дека Фирпо е подобар играч од Алиоски, треба да одат на преглед на главата“, стои во еден од коментарите.

Лидс остана на бројката од 23 бода и има само два повеќе од 17-топласираниот Барнли, кој има и два натпревари помалку.

- Оглас -

Најнови вести