Навивачите разочарани, англискиот селектор добива нов договор

Класикот меѓу Англија и Германија ќе биде едно од двете дербија во осминафиналната фаза на Европското првенство, а на три дена пред дуелот на „Вембли“, фудбалската асоцијација на Англија најави дека ќе му го продолжи договорот на селекторот Герет Саутгејт.

Марк Балинхем, извршниот директор на федерацијата, потврди дека Саутгејт ја има довербата од целата управа за да го предводи Гордиот Албион на Мундијалот во Катар идната година, како и на наредното ЕП кое треба да се одржи во 2024 година.

Оваа вест ги разочара англиските навивачи кои не се задоволни од работата на Саутгејт и редовно го критикуваа за време на групната фаза на ова ЕП. Иако Англија со Саутгејт стигна до полуфиналето на Светското првенство пред три години, навивачите сметаат дека по тој настап требаше да добие отказ, додека други пак предупредуваат да не се носат вакви одлуки пред дуелот со Германија.

Има навивачи кои посакуваат елиминација на Англија уште во првата нокаут рунда, со цел Саутгејт да биде разрешен од селекторската позиција. Како и да е, тој е сигурен на кормилото без разлика на исходот од претстојното дерби против Панцерите.

- Оглас -

Најнови вести