Навивачите „збеснаа“ по изјавата на Милевски дека сме играле добро против Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација имаше неуспешен старт на 2024 година. Неделата посветена за националните селекции Македонија ја заврши со пораз од Црна Гора (0:1) и реми против Молдавија (1:1).

И покрај тоа што Македонија даде само еден гол во повеќе од 180 минути игра и не успеа да им донесе радост на навивачите, селекторот Благоја Милевски анализираше и дојде до заклучок: „Македонија доминираше во сите сегменти на фудбалската игра“ и „Ако Македонија во иднина изгледа вака, ќе бидам среќен“.

Токму овие изјави и констатации на селекторот беа причина за голем број негативни реакции од навивачите. Повеќе од 100 различни коментари пристигнаа на фејсбук-профилот на СпортМанија по изјавата на селекторот дека е задоволен од играта против Црна Гора и ниту еден не е позитивен.

Едноставно, сите навивачи кои решија да го дадат својот коментар по поразот од Црна Гора е дека не се согласуваат со тоа што го кажува селекторот. Ние ќе одвоиме само дел од реакциите на навивачите:

„Овој како политичарите од власта, иста матрица, изгледа ист советник користат“, „Да загубиш и да бидеш задоволен, Ццццццц. Тебе ти требаат окалки под итно“, „Абе дај си оставка, не те бива веќе“, „Не знам што гледаш, ама играте фудбал за во Ц лига во Италија…“, „Платата е битна, другото ќе биде“, „Алтан да си доминирал гол ќе дадевме, ццц и на кладилница паднав, ах бре Македонче“.

Сите реакции кои ги искажаа навивачите на нашиот ФБ-профил во врска со изјавата на селекторот Милевски може да прочитате ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести