НБА-лигата закажа пет натпревари за божиќната програма, а главен настан на 25 декември ќе биде пресметката на Лос Анџелес лејкерс и Далас маверикс, дуел на големите ѕвезди Леброн Џејмс против Лука Дончиќ. Леброн е навикнат да игра на овој празник кога повеќето Американци се дома и гледаат телевизија, но Словенецот првпат доби чест да игра на празничен меч кој сигурно многу ќе биде гледан.
Божиќната програма стартува со меч на првакот на Истокот, Мајами хит и Њу Орлеанс пеликанс за коgo Зајон Вилијамсон првпат ќе игра на Божиќ. Потоа Јанис Адетокумбо и Милвоки бакс ќе го пречекаат Голден стејт вориорс на Стеф Кари. Третиот меч исто така е дерби, Бруклин нетс предводен од Кевин Дурант и Кајри Ирвинг гостува во Бостон кај Селтикс, поранешен клуб на Ирвинг.
Четвртиот натпревар ќе биде дуелот на Лејкерс и Маверикс, кандидатите за МВП на сезоната, ветеранот Џејмс и младиот Дончиќ ќе имаат што да им покажат на гледачите. Како за крај, ќе играат Денвер нагетс и ЛА клиперс, два тима кои во плејофот во минатата сезона водеа голема борба во која во мајсторка победија Грутките и го изненадија фаворитот со 4-3 во победи иако губеа со 1-3.