НБА има најдобар дебитант тројкаш во историјата – Вашингтон блескаше во „Спектрум арената“ (Видео)

Пол Џемејн Вашингтон блескаше во дебито во НБА-лигата и со 7 тројки во дресот на Шарлот хорнетс постави нов рекорд во историјата на најсилната лига на светот.

Крилото на Шарлот постигна вкупно 27 поени во дебитантскиот настап и покажа дека ќе биде големо засилување за тимот. Со 7 прецизни удари од линијата за три поени ги надмина досегашните рекордери дебитанти Џек Лајман и Дониел Маршал, кои го држеа рекордот со по пет постигнати тројки во првиот нивни настап во НБА-лигата.

Вашингтон беше избран како 12-ти пик на последниот драфт во првата рунда од Шарлот, тим кој победи со 126:125 против Чикаго на премиерата од новата сезона.

Новиот кошаркар на Хорнетс беше најефикасен во својот тим со 27 поени и втор стрелец на мечот зад Лаури Марканен, кој постигна 35 поени за Чикаго булс.

https://twitter.com/Scott_Charlton/status/1187168074153238533?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести