НБА кошаркарот го спаси двегодишниот син од давење (Видео)

НБА ѕвездата Андре Драмонд преживеа вистинска драма во дворот на својата куќа. Само присебната реакција на Драмонд не дозволи да се случи трагедија.

Неговиот двегодишен син седеше покрај базенот, кога во еден момент детенцето падна во длабокиот базен и почна да се дави. Драмонд го забележа тоа и со инстиктивна реакција веднаш скокна во базенот, успевајќи да го спаси детето.

Кошаркарот на Филаделфија потоа сам ја објави снимката на Твитер како предупредување за тоа колку опасно може да биде само едно мало невнимание.

 

- Оглас -

Најнови вести