2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

НБА-лигата нема видено ваков меч во историјата, Јокиќ направи чудо кое не се случило досега (Видео)

Вистински спектакл понуди последниот меч од божиќната програма во НБА-лигата. Денвер на домашен терен ја пречека Минесота, а на крајот резултатот е 142:138 во корист на Нагетс.

Победникот на овој дуел беше решен дури по продолжение откако во регуларниот дел резултатот беше 115:115. Текот на дуелот не најавуваше дека ова на крајот ќе биде меч за памтење затоа што Денвер ја презеде контролата на резултатот и во третата четвртина имаше 16 поени предност. Висока предност од 15 поени (106:91) имаше Денвер во средината на последната четвртина, но тогаш гостите „се разбудија“.

Минесота полека ја топеше негативата и стигна на 115:112, кога Едвардс во последниот напад успеа да погоди тројка и да израмни само на 1,1 секунди до крајот, што беше најава дека ќе има продолжение.

Во дополнителни пет минути Денвер заигра многу подобро, поведоа со 136:130 и потоа постојано имаа контрола на водството, па на крајот се радуваа на триумф од 142:138.

Историски меч одигра Никола Јокиќ, кој на крајот заврши со монструозен трипл-дабл со 56 поени, 15 скока и 15 асистенции. Србинот е првиот играч во историјата на НБА-лигата со ваков учинок. Само четири поени фалеа да постигне Јокиќ за да го израмни вечниот НБА-рекорд по бројот на постигнати поени на еден меч кој се одиграл на божиќната вечер во НБА.

Интересно беше и на останатите четири меча кои се одиграа на божиќната вечер во САД. Шампионот Оклахома третпат само за 11 дена загуби од Сан Антонио, А Њујорк направи чудесен пресврт за победа пред своите навивачи. 

- Оглас -

Најнови вести