НБА лигата официјално објави дека е одложен натпреварот помеѓу Минесота тимбервулфс и Голден Стејт вориорс.
Мечот беше одложен по убиството на маж од страна на полицаец во Минеаполис.
Натпреварот, кој требаше да игра вечерва после полноќ, ќе се игра утревечер.
Инаку агент на граничната патрола застрелал и убил маж во Минеаполис, а Министерството за внатрешна безбедност тврди дека федералниот агент дејствувал во самоодбрана и убиениот 37-годишен човек се спротивставил кога федералните агенти се обиделе да му го одземат оружјето за време на протест.

