НБА организираше виртуелни дуели и веднаш скандал: Мечот меѓу Кевин Дурант и Дерик Џонс бил наместен?

Во отсуство на вистински возбудувања во НБА, челниците на најсилната лига во светот решија да организираат виртуелен турнир преку видеоигра. Во ситуација кога нема речиси никаков спорт, светските обложувалници на својата понуда ги додадоа овие дуели.

Уште во првото коло од турнирот се случи изнанедување, кое подоцна прерасна во скандал. Ѕвездата на Бруклин, Кевин Дурант, за противник го доби Дерек Џонс јуниор од Мајами. Според квотите, Дурант беше фаворит за победа, но сепак ова не беше дуел на теренот, туку преку видеоигра.

„Турнирот ни зададе многу главоболки затоа што имаше одредени договори. Дурант беше фаворит да триумфира на турнирот, а кога ги поставивме квотите, сите уплати беа на него и знаевме дека веќе некој предвреме знае како ќе заврши мечот против Џонс“, објаснува еден од челниците во еднна позната американска обложувалница.

Објаснувањето е дека некој намерно ја „надувувал“ квотата на Џонс да се зголемува, а потоа уплаќа пари на највисоката квота и добива многу поголема сума од тоа што првично било квотата.

Иако Дурант на теренот е многу подобар од Џонс, на видеоиграта, кошаркарот на Мајами беше доминантен и на крајот победи со 78:62.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести