НБА вечер за уживање, дури 14 меча се на менито (Фото)

После полноќ се играат дури 14 натпревари во кошаркарската НБА лига, па јасно е дека понудата на Sport Life за вечерва е пребогата. Може да се обложите и на голем број на кошаркари за тоа колку поени ќе постигнат, поточно дали ќе бидат во плус или минус поени од поставената граница.

Од 14-те меча доцна вечерва, на 11 фаворити на хартија се домашните екипи, а на три се гостите.

Во Голден стејт уште се во шок од синоќешниот пораз против Денвер кога во последна секунда примија тројка од десетина метри која ја постигна Никола Јокиќ, но немаат време за тага, рано изутрина имаат идеална прилика да се вратат на победничкиот пат бидејќи го пречекуваат најслабиот тим во лигата, Детроит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести