Не чекајте веќе, само уште неколку часа може да типувате на бесплатната Спортска прогноза

Истекуваат последните часови од можноста да учествувате во второто коло од третата сезона на Спортска прогноза на Sport Life и Спортманија. Почетокот на првите два парови од понудата, 15.30 часот, е рокот за прогнозерите да ја приложат својата визија која може да ги одведе до фантастичниот „iPhone 11“, доколку ги погодат сите 13 исходи.

Главната награда на „среќната 13-ка“ за секое коло е најновиот модел на смартфонот на Apple, а тука се и наградите за еден промашен пар во облик на ваучер од 1.000 денари, односно 500 денари ваучер за два промашени парови.

Важно да се учествува редовно, собирањето на поени носат добра позиција во Генералниот пласман. Победникот во генералниот пласман по завршувањето на сезоната, ќе добие подарок Смарт ТВ од 48 инчи.

Второто коло стартува во 15 часот со два меча од Бундеслигата, на кои мнозинството прогнозери типуваат победа на домашните екипи. Најголемо дерби е утрешниот меч на Челзи и Ливерул, а таму најмногу прогнозери типуваат на нерешен исход. Најголем фаворит на прогнозерите е Јувентус против Сампдорија. Досега речиси 99 отсто прогнозирале „единица“.

- Оглас -

Најнови вести