Јанис Лага се најде во незгодна позиција, веројатно и за првпат во историјата на фудбалот е повикан за две селекции кои ќе играат меѓусебе два меча во октомври, па останува да одлучи дали ќе игра за Франција, или за Алжир во Клерфонтејн на 9. и на 12. октомври.
Досега не се случило двајца различни селектори пред меѓусебен меч да стават на список ист фудбалер, а токму таков е случајот со 18-годишнито фудбалски бисер на Лион.
Лага треба да одлучи на која страна од теренот ќе биде на дуелите на двете селекции за играчи до 18 години, а изборот не е лесен.
Лага е роден во Франција, но има потекло од Алжир, ситуација што е слична на легендарниот Зинедин Зидан, но ниту Зизу не беше во позција пред меѓусебни дуели на двете селекции да биде повикан од двете земји да игра за нив.
Лага е на списокот и на француската репрезентација, но и на алжирската за двата меча во Клерфонтејн, кои се пријателски, но ситуацијата се заканува пак да ги скара двете земји.
https://twitter.com/LGDFennec/status/1443635200370565126?s=20
Алжир долго време беше француска колонија, но се избори за независност во 1962 година, по повеќе од едновековна власт на Французите.