Не е од оваа планета: Небесниот скок на Роналдо беше премногу и за голманот (видео)

Јувентус по 45 минути не може да го пробие одбранбениот ѕид на Сасуоло, иако Бјанконерите имаа неколку прилики да ја отворат средбата на „Алијанц стадионот“.

Меѓу повпечатливите моменти од засега мирната средба во Торино е небесниот скок на Кристијано Роналдо. Португалската ѕвезда уште еднаш покажа со какви физички предиспозиции располага, па полета во воздух и со глава ја стигна топката пред голманот на гостите, но обидот заврши високо над гредата од преголема желба да реализира.

- Оглас -

Најнови вести