Не е омилен, ама постигна топ-погодок – Подарок еврогол за роденденот на Барселона (Видео)

Антоан Гризман не е омилен во Барселона, има многу проблеми откако за 120 милиони евра пристигна во клубот од Атлетико Мадрид, но денеска му го подари најубавиот подарок на шпанскиот гигант за 121 роденден.

Гризман постигна фанатстичен гол во 42. минута кога од прва од 18 метри упати неодбранлива бомба кон голот на Осасуна. Топката се заби зад грбот на Ерера, кој беше немоќен да спречи еврогол на францускиот ас.

https://twitter.com/FTTV50/status/1333044712656302083?s=20

Барселона денеска слави 121 роденден, а клубот е формиран на 29. ноември во 1899 година. Домаќините се почестија со два гола во првото полувреме, првиот дело на Брајтвајт во 29. минута, кој беше проверен и со ВАР системот и потоа со фудбалската убавица на Гризман во 42. минута.

- Оглас -

Најнови вести