Не е само Мбапе: Уште една ѕвезда на ПСЖ налето се сели во Реал?

Килијан Мбапе нема да биде единствениот фудбалер кој налето главниот град на Франција ќе го замени со главниот град на Шпанија. Уште една голема ѕвезда на ПСЖ ќе се пресели во Реал Мадрид, а станува збор за репрезентативецот на Мароко, Ашраф Хакими.

Тој веќе го информирал раководството на Светците дека налето ќе си оди од клубот, а негова желба е тоа да биде во Реал Мадрид, клубот од каде што тргна неговата сениорска кариера.

Интерес има и од Кралевите, кои немаат ништо против да го ангажираат Мароканецот, кој откако ја мина Академијата, дебитираше за првиот тим на Реал, а потоа беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд, па продаден на Интер, пред да се пресели во ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести