Не е талентиран како татко му – Зидан јуниор ќе ги брани боите на Алжир

Лука Зидан прифати да биде репрезентативец на Алжир, земјата од каде влече корени, иако е роден во Франција и настапуваше за младите категории на популарните „триколори“.

Лука е роден во Марсеј и е син на познатиот фудбалски ас Зинедин Зидан, играч кој е легенда во Франција. Популарниот Зизу има 108 настапи за француската репрезентација и ја освојуваше и европската и светската круна. Неговиот син го нема талентот на таткото и иако е член на Реал Мадрид, сепак брани за второлигашот Расинг Сантандер како позајмен голман.

Лука беше капитен на младата селекција на Франција за играчи до 17 години, што во 2015 година стана европски првак. Сепак се одлучи да ја прифати понудата на Алжир, свесен дека тешко ќе успее да се наметне како голман за селекција од калибарот на Франција.

Ќе може да брани за алжирците за квалификациите за Мундијалот во Катар што ќе се одржи во 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести