Страотен пад – Малата Скај летна високо, го скрши черепот и со луда среќа преживеа (Видео)

Малата Скај Браун доживеа страотен пад од огромна височина и има скршеница на черепот, но со луда среќа преживеа и се чувствува добро во болница во Калифорнија.

Скај има само 11 години и несреќниот лет ѝ се случи на тренинг, а мало невнимание можеше да ја чини живот. За среќа, имаше заштитна кацига на себе, што според докторите, ја спаси од сигурна смрт.

Браун се подготвуваше за настап на ЛОИ во Токио, кои се одложени и ќе беше најмладата британска олимпијка во историјата само со 11 години, а нејзина дисциплина е скејтбордингот.

„Сега сè е во ред и иако падот беше страшен, нема да ме сопре на патот кон учество на Олимпијадата во Токио. Немам обичај да објавувам снимки од моите паѓања, но ова беше посебен случај. Се надевам дека идната година ќе се закитам со злато на Игрите“, изјави Браун.

 

- Оглас -

Најнови вести