Не може без спорт: Агуеро ќе се трка со „машина“ која е побрза од Ф1 болидите

Легендарниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро ја заврши кариерата пред малку повеќе од три години, но едноставно тој не може без спортот. Аргентинецот кој има 36 години се фокусираше на автомото спортот каде што ќе се натпреварува во Формула Е, кој е под име „Ево Сесија“.

За првпат во мото-портот се прави натпреварување во кое се вклучени 11 ѕвезди од светот на спортот, технологијата и забавата и ќе им се даде шанса да седнат во најбрзите електрични автомобили во светот ГЕН 3 Ево.

Агуеро ќе биде најголема ѕвезда во ова натпреварување, а ќе учествува и Бруклин Бекам, синот на Дејвид Бекам. Сите оние кои ќе се натпреваруваат ќе поминат шест недели тренинг-камп пред да се најдат на патеката во Мајами на 5 и 6 март.

Автомобилите кои ќе ги возат достигнуваат брзина од нула до 100 само за 1,82 секунди, што е за 30 отсто побрзо од болидите во Формула 1. Во кампот за тренинг ќе има и сесии на симулатори, физичка подготвеност, обука на возачите, како и запознавање со сите главни дигитални функии.

Агуеро предвреме ја заврши фудбалската кариера поради проблеми со срцето, но очигледно дека адреналинот и спортскиот дух уште го нема напуштено.

- Оглас -

Најнови вести