Не може подобар старт: Јувентус и Милан ќе играат во првиот меч во Италија по корона-вирусот

Се бројат денови до враќање на италијанскиот фудбал. Според медиумите во оваа земја, италијанската влада одобрила да се одигра мечот од Купот на Италија помеѓу Јувентус и Милан на 12 јуни. На првиот меч што се играше на „Сан Сиро“, дуелот заврши нерешено 1:1, што значи дека Старата дама е во мала предност пред реваншот на свој терен.

Ден подоцна, ќе се игра и второто полуфинале меѓу Наполи и Интер, а тимот од југот на Италија има предност од 1:0 по првите 90 минути одиграни во Милано. Финалето на Купот е закажано за 17 јуни во Рим.

Мечевите од Серија А ќе продолжат на 20 јуни. Јувентус е лидер во првенството, а Лацио и Интер се најголемите конкуренти за тронот.

- Оглас -

Најнови вести