Селтик повторно е шампион на Шкотска, откако успеа во последниот меч од сезоната да го победи Хартс со 3-1 и да го прескокне на табелата. Беше неверојатно драматично, а Хартс имаше „титула в џеб“ до 89-тата минута.
Но, Даизен Маеда погоди за 2-1 на две минути пред крајот, а голот се проверуваше преку ВАР-системот.
Кога судијата покажа дека погодокот е регуларен, стрелецот заплака од радост, а Хартс имаше осум минути во судиското продолжение да возврати. Но, не успеа, а во последните мигови Селтик по противнапад дојде и до 3-1 со голот на Османд.
Хартс имаше и предност од 0-1 со голот на Лоренс Шанкланд во 43-тата минута, а Селтик израмни од пенал во последните моменти од првото полувреме.
Член на Хартс е поранешниот фудбалер на Вардар, Роџерс Мато. Ако останеше во Вардар, сепак, ќе славеше титула оваа сезона.

