Флорентино Перес закажал финален состанок со Мурињо следната недела

Флорентино Перес и Жозе Мурињо закажале директна средба во текот на следната недела, на која ќе ги договорат последните детали околу соработката.

Мурињо веќе ја известил Бенфика за своето заминување во Мадрид. Според португалските медиуми, Марко Силва е избран за наследник на Мурињо во Лисабон, иако опција бил и Рубен Аморим.

Флорентино Перес сакал лично да ги води преговорите и добил поддршка од управата на клубот. Сепак, проблем претставува тоа што одредени членови побарале трансфер или на Килијан Мбапе или на Винисиус јуниор, бидејќи сметаат дека тие двајца не можат заедно да бидат лидери под водство на Мурињо и дека еден од нив мора да замине.

Исто така, се наведува дека Мурињо бил информиран за сите последни случувања во клубот, но дека најмногу бил изненаден од однесувањето токму на Килијан Мбапе.

Наводно, Перес сака да слушне од Мурињо како планира да воведе ред и да ги вклопи Винисиус јуниор и Килијан Мбапе во ист тим.

Реал Мадрид врза две сезони без освоен трофеј, што последен пат се случило токму кога Мурињо првпат пристигна во клубот во 2010 година. Во периодот до 2013 година, тој освои три важни трофеи, Ла Лига, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија.

Финансиите нема да бидат проблем, ниту должината на договорот, бидејќи на маса веќе има предлог за соработка до летото 2028 година, која ќе биде потпишана веднаш по завршувањето на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести