Не му се радуваа за џабе – Со Марадона Гимназија Ла Плата знае и да победува

Диего Армандо Марадона беше дочекан како спасител на Гимназија Ла Плата, тим кој беше последен на табелата во Суперлигата на Аргентина, пред доаѓањето на легендата, а сега веќе има 10 бода и што е најважно победува.

Вечерва Гимназија Ла Плата го декласира Алдосиви со 3.0 на гостински терен што е трета победа на тимот, откако Марадона пристигна како тренер.

Претходно немаа ниту еден триумф, па мисијата на Диего дава резултати. Гимназија веќше не е последнопласирана и има 10 бода, иако е во опасната зона за испаѓање.

Коронел, Рамирес и Гарсија од пенал беа стрелци за Гимназија, вечерва во победата од 3.0 против Алдосиви.

- Оглас -

Најнови вести