Не очекувајте повеќе од три гола на „Крејвен котиџ“

1001 Фулам – Вулверхемптон (21ч)

Во последните пет меѓусебни лигашки дуели, Фулам и Вулвс немаат завршено меч со повеќе од два погодоци, па затоа и вечерва не треба да се очекува ефикасна средба на „Крејвен котиџ“. Во четири од тие пет последни средби, редовно победуваше домашната екипа, но Фулам повеќе од три години се нема радувано против Вулвс, што ја отежнува работата уште повеќе.

Двете екипи влегуваат со лоша форма во пресметката, а особено ранети се Волците кои во последните пет гола претрпеа три порази и ремизираа двапати. Сензацијата против Ливерпул е единствена светла точка за Фулам, кој во останатите четири кола нанижа исто толку порази и заостанува во битката за опстанок.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.11)

 

1701 Meц – Лил (21ч)

Лил по гостинскиот триумф над шампионот ПСЖ, верува дека може да стигне до титулата во Лига 1 која ја чека од сезоната 2010/11. Затоа, со евентуална победа вечерва на гости кај Мец, на шест кола до крајот на првенството ќе има +6 бода предност во однос на Светците на врвот на табелата.

Шансите за Данските доги да слават вечерва се големи ако се знае дека Лил доби три од последните пет меѓусебни дуели против Мец, а последен пат загуби во август 2016 година. Домаќините се во кризен период и ги загубија претходните четири меча, додека Лил атакува на 20-та лигашка победа и двоен триумф над Мец по минималните 1-0 на домашен терен претходно сезонава.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

1302 Уеска – Елче (21ч)

Борбата за опстанок во шпанската елита ќе биде појасна по оваа пресметка. Уеска како домаќин ќе го даде максимумот да ги освои трите бода, па со еден повеќе да избие токму над Елче на табелата, односно да им го препушти 18-тото место на гостите.

Двете екипи бележат по еден триумф во последните пет кола, меѓутоа Уеска славеше со 0-2 на гости кај Леванте во претходното коло, додека Елче врза два порази и две ремија од оние 2-1 со кои ја надиграа Севилја.

По еден триумф на двете страни во претходните пет меѓусебни пресметки, додека немаше голови во првата овосезонска пресметка на овие две екипи, што значи дека и сега ќе се игра тврд фудбал.

Предлог тип: 1X & 0-2 (1.98)

 

1801 Арминија Билефелд – Фрајбург (20:30ч)

Арминија има шанса да излезе од црвената зона во битката да го задржи прволигашкиот статус, меѓутоа Фрајбург сезонава во повеќе наврати покажа дека може да биде доста незгоден противник и против поквалитетни екипи.

Фрајбург рутинирано славеше во првата овосезонска пресметка со 2-0, па сега двете екипи имаат по две победи во последните пет меѓусебни пресметки. Повеќе од три гола може да се каже дека е просек кога се среќаваат Арминија и Фрајбург, па затоа очекувајте ефикасно отворање на 28-то коло во Бундеслигата.

Предлог тип: 3+ (2.20)

 

1011 Ватфорд – Ридинг (20:45ч)

На шест кола до крајот на првенството во Чемпионшип, Ватфорд може да дојде чекор поблиску до враќање во Премиер лигата доколку вечерва избори позитивен резултат против исто така поранешниот прволигаш Ридинг.

Стршените имаат осум победи и по еден пораз и реми во претходните 10 кола, па во добро расположение ќе го пречекаат Ридинг кој победи само еднаш во петте меча претходно.

Во првата овосезонска средба Ридинг како домаќин триумфираше со минимални 1-0, што значи дека Ватфорд е подготвен да се реваншира иако во составот ќе недостасува капитенот и искусниот напаѓач Трој Дини. Ватфорд сезонава во 20 меча на домашен терен издвои 16 победи и просечно забива по два гола.

Предлог тип: 1 & T12+ (2.50)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести