(Не)очекувано: Федерер му честиташе на Ѓоковиќ! (Фото)

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер, преку „Твитер“ му ја честиташе 20-тата грен-слем титула на ривалот Новак Ѓоковиќ. Федерер кој до лани беше рекордер во историјата на машкиот тенис, сега е изедначен со Србинот и со Рафаел Надал.

„Ти честитам Новак за 20-тата грен-слем титула. Горд сум што имам можност да играм во специјална ера на тениски шампиони. Чудесна игра, добро сторено“ – порача Федерер.

Засега нема реакција од третиот тениски „капиталец“, Надал, кој одмора на јахта во близина на родната Мајорка. Можеби и нему ќе му текне да честита јавно, но Федерер го претрка, и прв испрати честитка.

- Оглас -

Најнови вести