Не плачеше за џабе: Пике ќе паузира меѓу четири и шест месеци

Барселона може до крајот од сезоната да остане без Жерард Пике. Искусниот дефанзивец се повреди на синоќешното дерби против Атлетико Мадрид и мораше предвреме да ја напушти играта.

Напаѓачот на Атлетико, Кореја беше во напад, кога незгодно падна и тоа директно врз ногата на Пике. Фудбалерот на Барселона со болна гримаса падна и побара лекарска помош.

Според првичните информации се работи за сериозно оштетување на лигаментите на коленото. Тоа е повреда која бара мирување меѓу четири и шест месеци.

https://twitter.com/i/status/1330260258997088257

 

- Оглас -

Најнови вести