Не погодија ни Меси, Суарес, Кутињо, Дембеле, а Барса победи со 2:1

Барселона со 2:1 го победи Реал Сосиедад и ја задржа предноста од девет бодови пред Атлетико Мадрид, по 33. одиграни кола во Примера дивисион. Каталонскиот гигант потешко од очекувањата дојде до триумф на „Камп Ноу“, а интересно е што во листата на стрелците не се запишаа ниту еден од четворицата офанзивци кои имаат постигнато речиси 90 отсто од погодоците за шампионот.

Леглет во 45 минута погоди со глава по корнерот на Дембеле за водство на домаќините на полувреме. Сосиедад не се предаде и во 62 минута преку Хуанми израмни, но за околу 100 секунди подоцна, Барселона повторно дојде во водство со погодокот на Жорди Алба. Тој гол на Алба се покажа и како доволен за триумф од 2:1.

- Оглас -

Најнови вести