Не помага ниту Игуаин, Челзи декласиран од Борнмут

Челзи претрпе висок пораз од Борнмут со 0-4 на гостински терен и драстично ги намали и онака малите шанси за подвиг и за освојување на титулата.

Домаќините одиграа одличен меч и комплетно го надиграа фаворитот со три гола во второто полувреме и го декласираа.

Џошуа Кинг беше човекот на одлука со два гола во мрежата на Аризабалага и една асистенција за Брукс. Последниот гол го постигна Чарли Даниелс, за комплетна катастрофа на Челзи.

Домаќините играа без главниот стрелец Вилсон, но ниту тоа не ги спречи да го нокаутираат повеќекратниот англиски шампион.

Во истото време, од 20.45 часот вечерва Саутхемптон и Кристал палас ремизираа 1-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести