Не поминаа ни 30 секунди, а Арсенал прими гол од Саутхемптон, следуваше и втор шок (Видео)

Само 28 секунди по започнувањето на мечот, Арсенал дома прими гол од Саутхемптон, па гостите поведоа со 1-0. А, во 15-та минута семафорот покажува и 2-0 за Светците, а вториот гол го даде некогашниот играч на Арсенал, Тио Волкот.

Топчиите имаат четири бодови предност пред Манчестер сити, а ако загубат, Граѓаните може да им го одземат првото место, бидејќи имаат и два меча помалку од Арсенал.

Голот за 1-0 го даде Алкараз и може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести