Не помогна ни Федералниот суд, Волците скапо ја платија глупоста во купот

Волфсбург и дефинитивно е елиминиран од натпреварите во германскиот куп по одлуката на Федералниот суд да им биде одбиена жалбата што ја поднесоа по службената елиминација.

Популарните Волци го загубија мечот против Минстер со службен резултат од 0:2, а причина е што направија повеќе замени од дозволените пет. При шестата во игра влезе родениот гостиварец Агрон Мехмеди, што е клучно за елиминацијата на бундеслигашот, кој на терен победи со 3:1 по продолженија, но загуби потоа со службен резултат, а денеска конечната одлука ја потврди и Федералниот суд.

Швајцарскиот репрезентативец, кој е роден во Гостивар, влезе во игра во 102-рата минута на местото на Филип, а Волфсбург потоа постигна два гола за победа против членот на регионалната лига, Минстер. Во регуларниот дел од мечот беше 1:1.

Минстер, кој е член на Регионалната лига Запад во Германија, ја очекува ждрепката за 1/16-на финалето во популарниот ДФБ Покал.

 

- Оглас -

Најнови вести