Не се лесни парите добиени по ќотек од Мекрегор (Фото)

Американскиот УФЦ борец Доналд Сероне почна со закрепнување по поразот од Конор Мекрегор, дуел во кој Каубојот се здоби со непријатни повреди во пределот на лицето. Ќотекот кој го доби минатиот викенд во Лас Вегас, и тоа само за 40 секунди, вели дека го изненадил.

„Конор веднаш ме погоди со лакти, ме искриви и потоа ме погоди со нога во глава. Никогаш не сум видел такво нешто, целосно ме исфрли од ритам. Носот почна да ми крвари, ме погоди и со хед-кик. Навистина пребрзо ме претепа“, призна Американецот.

Сероне за 40 секунди прими дожд од удари, повеќето од нив во главата, поради што имаше проблем и со видното поле. И покрај тешкиот пораз, 36-годишниот борец од Денвер не мисли да престане со овој спорт.

„Го сакам ултимејт фајтот. Ќе продолжам да се борам. Баш ми е гајле што загубив, ова е спорт кој го сакам. Добар сум, им благодарам на сите за поддршката“, порача Каубојот по 14-тиот пораз во кариерата.

Фотографиите од лицето на Сероне кренаа голема прашина во јавноста, но и тоа е дел од овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести