Не се мислите многу: Најголемото дерби денеска се игра ГГ4+!

Баер Леверкузен како лидер во германското првенство е домаќин на шампионот Баерн Минхен, во дербито не само на Бундеслигата, туку во најатрактивниот меч кој денеска се игра во Европа. Фармацевтите од Леверкузен се во неверојатна форма и во последните 20 меча имаат само еден пораз, а во последните 11 меча, дури 10 пати се радувале.

Баерн Минхен секогаш е најдобар кога е најпотребно, па тимот кој е германски и европски владетел ќе има вистински тест на денешното гостување. Баварскиот гигант последен пат загуби пред три месеци кај Хофенхајм со 4:1, но тогаш тимот на Ханси Флик не беше комплетен.

Домаќините имаат повеќе проблеми со повредени играчи, но сигурно ќе се обидат да останат единствениот тим во лигата без пораз (осум победи и четири нерешени). Баерн кој е втор со само еден бод заостанување, на гости сезонава има четири победи во шест средби.

Кога играат овие два тима, традицијата вели дека треба да очекуваме спектакуларен меч со многу голови. Во последните осум средби, секогаш двата тима постигнувале барем по еден гол. На седум од последните осум меча било со 4+, а само еднаш застанале на три погодоци. Вкупно 39 погодоци на последните осум меча имало, односно 4,88 погодоци на меч. Коефициентот во Sport Life за ГГ4+ е 1,96.

Ако се гледа традицијата, квалитетот на два тима и фактот дека и сезонава офанзивната игра е главна карактеристика на Баер Леверкузен и Баерн Минхен, јасно е дека треба да има „дожд од голови“ во Леверкузен. Одлична понуда е и двата тима да дадат по најмалку два гола на мечот, а коефициентот да тоа е 3,15!

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНИТЕ ОСУМ МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ:

Баер Л. – Баерн М. 2:4

Баер Л. – Баерн М. 2:4

Баерн М. – Баер Л. 1:2

Баер Л. – Баерн М. 3:1

Баерн М. – Баер Л. 3:1

Баер Л. – Баерн М. 2:6

Баер Л. – Баерн М. 1:3

Баерн М. – Баер Л. 3:1

 

- Оглас -

Најнови вести