Не се памти вакво напаѓачко дуо: Заедно имаат 73 години, 774 постигнати гола и 54 освоени трофеи

Марио Манџукиќ денеска и официјално е промовиран во нов играч на Милан. Искусниот Хрват е доведен во счедните шест месеци да биде засилување во нападот на Росонерите кои се борат за титулата во Серија А. Манџукиќ знае како се освојува Скудетото, но како играч на Јувентус.

Од доведувањето на Манџукиќ задоволен беше и Златан Ибрахимовиќ кој изјави дека противниците сега има да се плашат од нив двајцата.

А според тоа што го имаат постигнато во кариерите, Ибра и Манџукиќ навистина е за почит. Ова напаѓачко дуо заедно има 73 години и драстично го „расипува“ просекот на младиот тим на Милан. Двајцата искусни напаѓачи имаат одлични кариери.

Манџукиќ во кариерата има постигнато 233 голови и освои 23 трофеи, додека Златан е уште поуспешен па може да се пофали дека во кариерата има 541 гола и 31 освоени трофеи.

 

- Оглас -

Најнови вести