Не се влегува лесно во првиот состав на Реал, Анчелоти за утрешниот Суперкуп ги најави истите 11-мина од финалето со Ливерпул

Реал Мадрид и Ајнтрахт утревечер во Хелсинки ќе се борат за трофејот на УЕФА од европскиот Суперкуп, а актуелниот европски и шпански првак од првата минута на теренот ќе истрча со истите 11-мина кои беа стартери и во финалето на ЛШ против Ливерпул.

Тренерот Карло Анчелоти на денешната прес-конференција потврди дека стартери ќе бидат истите 11-мина од Париз кои го победија Ливерпул со 1-0, а тоа значи: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Касемиро, Крос, Модриќ, Валверде, Винисиус, Бензема.

Единствениот фудбалер кој и лани играше Суперкуп, Антонио Рудигер, кој како слободен играч дојде во Реал од Челзи, ќе биде на клупата и ќе чека шанса да влезе како замена за зацврстување на одбраната. И фудбалерот за кој Реал летово плати 80 милиони евра за да го донесе од Монако, Орелиен Шуамени, исто така ќе биде резерва.

- Оглас -

Најнови вести