Не се загубени шансите за учество на ракометното СП, Македонија е прва резерва

Светската ракометна федерација, ИХФ, ја објави најавуваната листа на резервни репрезентации кои би учествувале на СП во Египет, доколку некоја од оние што добија место се откаже од настапот, и Македонија ја стави на првото место, како прва резерва.

Македонија е најдобропласирана селекција од последното ЕП која нема обезбедено место на СП, па шансата за настап на Мундијалот останува, и сега останува да чекаме некој да се откаже. На листата на резерви се и Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина и Србија.

Реално, тешко е дека ќе се откаже некој европска репрезентација, но можно е да се откаже некој африканска селекција или Бразил, па останува да почекаме до Нова Година дали сите репрезентации ќе ги започнат подготовките и да дознаеме дали Македонија ќе го продолжи континуитетот со настапи на големите натпреварувања, или сепак ќе се најдеме на собирот во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести