Не смее да пропуштите да прогнозирате: Играат Барселона – Реал Мадрид!

Повеќе од 1.600 прогнозери на Спортска прогноза не се прославија во шестото коло откако најголем успех беше осум погодени меча од 13 натпревари. Вака слабо коло речиси и никогаш да немало, но како што велат, „после дождот секогаш доаѓа сонце“, па мора да се задржи оптимизмот дека следниот викенд сите играчи ќе имаат многу поголем успех.

Во новата понуда од 13 парови, доминира Ел Класико. Барселона в сабота на „Камп ноу“ го пречекува Реал Мадрид, дуел кој за секого е предизвик да го погоди конечниот фикс. Освен Ел Класико, во понудата има уште неколку интересни дуели.

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ е домаќин на Челзи, во дуелот на двата најтрофејни клуба во ерата на Премиер лигата. Во Бундеслигата се игра големото Рурско дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04. Според формата и резултатите, ова треба да биде чист „кец“, ако се знае дека Шалке од јануари нема ниту една победа во првенството. Сепак, резултатите на Спортска прогноза често знаат да бидат непредвидливи и треба да внимавате.

Со евентуални 13 погодени парови, односно Среќна 13-ка, ќе бидете добитник на вредниот мобилен телефон „ајфон 11“! Доколку имате 12 погодени, добивате вредносен ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за 11 погодени, ваучерот изнесува 500 денари.

Право на учество во оваа бесплатна игра имаат сите оние кои имаа клуб картичка на Sport Life. Не чекајте, прогнозирајте.

 

- Оглас -

Најнови вести