Не смее да се пропушти последното коло, има многу интересни дуели

Во последниот викенд од мај ќе се одигра и последното коло од Спортска прогноза за петата сезона. Тоа значи дека ова е последна шанса за сите прогнозери да стигнат до еден од подароците кои се стандардни во секое коло.

Повеќе интересни предизвици има, па така треба да се погоди фиксот на дерби дуели меѓу Фиорентина – Рома, Севилја – Реал Мадрид, Челзи – Њукасл, Јувентус – Милан…

За експертот кој ќе успее да погоди Среќна 13-ка, односно да ги погоди сите 13 фикса следува главната премија, а тоа е избор од трите понудени подароци: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет или X Box Series X.

За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести