Не знае да ужива и кога победува: Нејмар повторно се зафати со Алваро (фото)

ПСЖ триумфираше со 2-1 против Марсеј и го одбрани трофејот во францускиот Суперкуп. Нејмар беше стрелецот на пеналот за победата, по што Светците по 10-ти пат славеа во ова натпреварување, односно осми успех во низа.

По триумфот, Нејмар не можеше да ја пропушти шансата за прозивка на еден од фудбалерите на Марсеј, Алваро Гонзалес, со кого пред неколку месеци се обиде да се пресмета и да заработи три натпревари суспензија по инцидентот во дербито.

„Крал, нели Алваро?“, напиша Нејмар на „Твитер“, по што фудбалерот на Марсеј со фотографија од вчерашниот дуел му одговори: „Моите родители од мал ме научија секогаш да го фрлам ѓубрето“.

Се чини дека најскапиот фудбалер во светот не знае да ужива во успехот, а ваквото однесување не е одлика на голем играч и победник.

https://twitter.com/AlvaroGonzalez_/status/1349506138254008323

- Оглас -

Најнови вести