Не знае за доста – Три гола, три генијалности на Меси во триумфот над Бетис (видео)

Барселона славеше со убедливи 4-1 на гостувањето кај Реал Бетис во мечот од 28-мото коло во Ла Лига. Присутните на „Бенито Вилјамарин“ посведочија за генијалноста на Лионел Меси, кој со хет-трик ја одведе Барса до нови три бода.

Аргентинецот прво во 18-тата минута изведе фантастичен слободен удар, а потоа во одлична комбинација со Суарес зголеми на 2-0 пред паузата.

Суарес во одличен соло продор практично ја осигури победата на Каталонците во 63-тата минута, додека Лорен го постигна почесниот гол за домаќините. И кога се чинеше дека мечот е завршен, Меси се одлучи уште еднаш да ги остави гледачите во неверување. Третиот гол го постигна лобувајќи го голманот Лопес, но тоа не беше обичен лоб, туку надвор од шестнаесетникот.

https://www.dailymotion.com/video/x74dvel

 

https://www.dailymotion.com/video/x74dw6y

- Оглас -

Најнови вести