Неапол облеан во тага по смртта на Марадона (фото)

Навивачите на Наполи излегоа на улици за последен пат да се поздрават со нивната легенда Диего Армандо Марадона. Аргентинскиот виртуоз денес почина на 60 години по претрпен срцев удар, по што фудбалскиот свет се облеа во тага.

Неапол исто така плаче за човекот кој блескаше во светлосиниот дрес од 1984 до 1991 година. Несомнено, Марадона е најголемиот фудбалер кој некогаш играл за Наполи, клубот во чиишто бои сега брани и Елиф Елмас.

Инаку, во меѓувреме е покрената иницијатива за стадионот „Сан Паоло“ да се преименува во „Диего Армандо Марадона“.

 

- Оглас -

Најнови вести