Негативен рекорд на Мурињо, се чека негова реакција за судењето

Арсенал со пресврт и 2-1 успеа да го победи својот најлут ривал Тотенхем, во возбудлив дуел во кој имаше секакви работи.

Тотенхем поведе со спектакуларен гол на Ерик Ламела, кој рано влезе во игра на местото на повредениот Хеунг мин-Сон. Арсенал изедначи на 1-1 со деби голот на Мартин Одегард во Премиерлигата, а пресвртот го комплетираше Александре Лаказет од пенал.

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, не беше задоволен од досудениот пенал, според него немаше фаул, а потоа го налутија и со црвениот картон на Ламела и кога на Хари Кејн во финишот му беше поништен гол, па со нетрпение се чека да се слушне што ќе изјави после мечот. Против Петлите на Мурињо, сезонава се досудени седум пенали и тоа се најмногу пенали во една сезона против екипа која ја водел Мурињо во Англија.

- Оглас -

Најнови вести