Бразилскиот гигант Сантос имаше тешка, предизвикувачка и болна сезона, за која конечно може да се каже дека имаше среќен крај. Во последното коло од првенството, Сантос на свој терен забележаа голема и важна победа со 3:0 над Крузеиро.
Два гола на Тачијано и еден на Жоао Шмит беа доволни за најважните три бода во сезоната. Оваа победа за Сантос значеше и обезбедување опстанок на гигантот, кој на крајот заврши на 12 место со 47 бодови.
Иако во последното коло Нејмар не постигна гол, големата бразилска ѕвезда сепак е најзаслужен што Сантос обезбеди опстанок. Кога дојде во клубот од неговото детство, Нејмар потенцираше дека главна цел му е да помогне Сантос да обезбеди опстанок.
На крајот Сантос во 27 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 гола и додаде 4 асистенции, а сето тоа беше „зачинето“ со постојано мачење со повредите. Во финишот на сезоната Нејмар дури требаше да паузира, но тој реши да игра и на последните четири првенствени дуели постигна дури пет гола, а имаше и една асистенција.
Neymar ao final da partida deu uma volta pela Vila e gritou de alívio: “AHHHH, ACABOOOOU.”
No momento crucial, entendeu o momento, e mesmo lesionado levou o time a conseguir a permanência.
ÍDOLO! ⚪️⚫️ pic.twitter.com/LXCvN9P6UB
— Comando Santista (@ComandoSantista) December 7, 2025

