Нејмар: Фудбалот е тимски спорт, да бев индивидуалец, ќе играв тенис

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, објасни зошто му дозволи на Единсон Кавани да го шутне пеналот против Галатасарај, а причината не е за да се смири со Уругваецот, со кого не беа во најдобри односи откако се караа кој да ги изведува пеналите. Кавани како староседелец мислеше дека има право на тоа, но Нејмар е најскапиот играч во тимот и прва ѕвезда.

Бразилецот веќе имаше дадено гол, па му дал прилика и на својот колега да ја затресе мрежата за водство од 5-0.

„Не го направив тоа за да се смириме. Мене на прво место во мислите ми е тимот. Индивидуализмот нема место во фудбалот. Во поинаков случај, ќе играв тенис. Кога играш фудбал, должен си да придонесеш сите да бидат среќни и да се чувствуваат добро. Мислам дека Еди имаше потреба од тоа. На крајот на краиштата, сите напаѓачи дадовме гол против Галатасарај и сите бевме среќни“, рече Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести