Нејмар „грмна“ пред финалето, ги опцу Бразилците кои сакаат Аргентина да ја освои Копа Америка

Бразил и Аргентина на празната „Маракана“ во Рио де Жанеиро во ноќта сабота кон недела ќе одлучуваат кој да биде првак на Јужна Америка, а најголемиот адут на домашните, Нејмар, е многу налутен и наелектризиран, па преку „Инстаграм“ испрати критика и навредлива порака до неговите сонародници кои сакаат Бразил да го загуби финалето на Копа Америка.

Нејмар на „Инстаграм“ напиша порака и најавува дека нема да има никаков попуст за неговиот пријател Лионел Меси.

„Јас сум горд Бразилец и за репрезентацијата играм со љубов. Мојот сон секогаш беше да играм за бразилската репрезентација и да ги слушам навивачите како пеат. Никогаш не сум навивал против Бразил, без разлика дали е спорт, избор за мис, Оскари. Кога учествува Бразил, што можам друго освен да ги поддржам моите? Го почитувам нивниот избор да навиваат против Бразил, но нека одат во …. Ова е посветено на тие Бразилци што се против нас“, напиша Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести