Нејмар и Мбапе се скарани, еден ќе мора да си оди од ПСЖ

Францускиот првак Пари Сен Жермен во летниот преоден рок ќе има тешка задача, да успее да ги задржи двајцата најскапи фудбалери во своите редови. Нејмар и Килјан Мбапе вкупно вредат 400 милиони евра, а можно е овој тандем да биде разделен.

Според пишувањата на францускиот весник „Лекип“, Мбапе и Нејмар веќе не се толку големи другари како што тоа беше претходно. ПСЖ загуби две Куп титули во Франција, а во Лигата на шампиони повторно разочара, па како утеха им остана трофејот во француското првенство.

Нејмар во една изјава ги критикуваше помладите играчи, а меѓу тие се пронајде и Мбапе. Французинот неодамна славеше роденден, а меѓу поканетите го немаше Нејмар. Едноставно, тие двајца веќе не се дружат како претходно. Дури и тренерот Томас Тухел како да сакаше да најави дека еден од двајцата напаѓачи ќе си замине од ПСЖ.

„Како тренер би сакал двајцата да останат, но знаете дека во фудбалот сѐ е можно. Во летниот преоден рок сигурно ќе има интересни понуди. Не знам кои играчи ќе останат во клубот“, рече Тухел.

И Мбапе и Нејмар најчесто се споменуваат како можни големи засилувања на Реал Мадрид, но засега нема ништо конкретно.

- Оглас -

Најнови вести