Нејмар подготвува предавство за арапите, веќе имал разговори со неговиот следен клуб

Бразилецот Нејмар требаше да биде еден од најголемите фудбалери кои играл во Саудиска Арабија, но и најголемо засилување за екипата на Ал-Хилал, но неговиот престој, барем привремено, траеше многу кратко. Тој се повреди на натпревар за бразилската репрезентација кон крајот на 2023-тата година и ќе отсуствува од терените до јуни годинава.

Ал-Хилал го избриша од списокот со регистрирани фудбалери за оваа сезона и прашање е дали повторно ќе заигра за клубот од Саудиска Арабија.

Нејмар од повредата се опоравува во Бразил, а таму веќе имал кус состанок со претседателот на Сантош, неговиот матичен клуб, на кој разговарале за можното враќање во клубот.

Бразилецот многупати истакна дека неговата желба е да се врати во татковината и тоа во матичниот клуб, а во моментов е нејасно дали тоа ќе се случи веќе налето или после завршувањето на договорот со Ал-Хилал.

Нејмар во 2009-тата дебитираше за сениорската екипата на Сантош, а после три години направи трансфер во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести